Семејна драма во Ѓорче Петров: Маж ја истепал сестра си, па ѝ се заканувал со нож

|

Маж ја нападнал својата сестра во семејниот дом во Ѓорче Петров и ѝ се заканувал со нож, соопшти полицијата.

„На 14 август во 10.25 часот во СВР Скопје, 27 – годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот брат Д.С., кој ѝ се заканил со остар предмет“, објавија од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.