Две големи засилувања доаѓаат во РК Вардар

ИЗВОРСкопје24
|

Двајца руски репрезентативци, Сергеј Горпишин и Павел Атман во следните две сезони ќе бидат дела од шампионскиот тим на Вардар, потврдуваат од скопскиот ракометен шампион.

Сергеј Горпишин (21) настапува на позицијата пивотмен и доаѓа од бундеслигашот Ерланген каде играше од летото 2017 година, а Павел Атман (32) игра на позицијата лев и среден бек и исто така доаѓа од бундеслигата односно од тимот на Хановер.

Двојниот европски првак сериозно се подготвува за новата сезона каде повторно ќе игра на три фронта, во лигата на шампионите, во СЕХА лигата и во плејофот во домашното првенство. Ова се две засилувања што им се придружуваат на Летонскиот голман Артурс Кугис.

„Полека се формира тимот со кој следната сезона ќе играме во одбрана на шампионскиот трофеј. Горпишин е млад и талентиран играч кој веќе зад себе има и интернационално искуство. Добивме многу позитивни препораки за него, го следевме неговиот развој и веруваме дека брзо ќе се вклопи со екипата и ќе биде дел од новиот тим што повторно ќе биде меѓу сериозните кандидати за висок пласман во ЛШ и СЕХА лигата. Павел Атман го познаваме сите и тој со своето искуство и квалитет секако ќе придонесе Вардар да биде подеднакво силен на бековската линија и во иднина, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Горпишин е висок е 200 см, а тежок 106 кг. Тој е роден во Германија и кариерата ја започнал во третолигашот Ајнтрахт Хилдесхајм, а потоа две сезони бил дел од второлигашот Спринге, пред да замине во Ерланген.

Син е на познатиот руски ракометар Вјачеслав Горпишин дел од златниот тим на Русија од Олимпијадата во 2000 година во Сиднеј.
Сега помладиот Горпишин успешно влегува во репрезентацијата на Русија и настапи на СП 2019 година, и играше и во квалификациите за ЕП 2020 година и постигна два гола.

Атман кариерата ја почна во тимот на Кустик во 2010 година, а во периодот од 2010 до 2013 настапуваше за Динамо Минска. Потоа две сезони играше во Металург, по што замина за Мешков Брест. Потоа настапуваше и за Хановер. Дел е од репрезентацијата на Русија на последните големи натпреварувања.