Еден од најголемите модни стравови на многу жени е дека на некој настан ќе се појави некој кој е исто или слично облечен како неа.
Токму тоа се случило со манекенката Карa Делевињ и актерката Ева Лонгорија на прославата за лансирање на првата заедничка колекција на Пума и Балмеин.
Двете дами дошле облечени во црн спортски топ со натпис „Balmain“ на градите и во исти црни тренирки. Интересно, носеле и многу слични чевли.
Ева со сакото во оваа комбинација ја „спасила ситуацијата“, па барем по нешто им се разликувал аутфитот. Кара под тренирките облекла мрежести хулахопки кои во нејзиниот изглед дале похрабар изглед.
Иако ова не би смеело да се случува, бидејќи станува збор за парчиња од колекцијата која е претставена, веруваме дека ниту Ева ниту Кара не им се налутиле на своите стилисти.