|
Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака ги поминува последните два месеца како играч на Арсенал иако и менаџерот Унаи Емери призна дека не е сигурен дали повторно ќе го облече дресот на „топчиите“.
Англиските, но и италијанските медиуми се поинтензивно информираат за неговиот трансфер во тимот на Милан, а како доказ за тоа наведуваат дека Џака веќе почнал да бара куќа во околината на Милано. Наводно, кај „росонерите“ би играл како позајмен играч во вториот дел од сезоната, а идното лето калчолигашот би имал обврска да го откупи неговиот договор.
Засега нема информации дали и други клубови се заинтересиран за Швајцарецот кој неодамна влезе и во конфликт со навивачите на Арсенал.