Џесика Алба на црвениот килим се појави во фустан вреден 20.000 долари (ФОТО)

|

Познатата актерка Џесика Алба (38) се појави на црвениот килим на гала свечноста „Baby2baby“ во Калифорнија. За оваа прилика, Џесика одбра „соutre“ фустан украсен со бисери и перја од ној.

Горниот дел на фустанот има деколте во облик на V. Посебно е интересен долниот дел на фустанот кој е изработен од перја на ној.

„Coutre“ фустанот е дизајниран за колекцијата “Ralph & Russo” за есенската и зимската колекција 2019/2020.

Според пишувањата на сајтот, ова модна комбинација чини околу 20 000 долари.Овој стајлинг, Алба го дополни со торба со потпис на „Jimmy Cho“ која е продадена за 1 695 долари.

Освен Алба, на ова случување се појавиле и Кејт Хадсон, Кели Роланд, Кети Пери.