Ед Ширан и неговата сопруга добија второ дете, а го открија и полот

ИЗВОРНов Лист
|

Музичарот Ед Ширан објави на Инстаграм дека тој и неговата сопруга Чери Сиборн добија второ дете, уште едно девојче.

Ширан сподели фотографија од слатки бели чорапи на кафено ќебе.

“Сакам да ве известам сите дека добивме уште едно прекрасно девојче. Двајцата сме толку вљубени во неа и изненадени сме што сега сме четиричлено семејство”, напишал Ед.

Музичарот не откри кога се родило девојчето. Двојката веќе ја има едногодишната ќерка Лира Антарктика, која се роди во септември 2020 година.

Ед и Чери се заедно од 2015 година, а се венчаа во 2019 година. Ед наводно и посветил многу песни на својата сопруга, вклучувајќи ги хитовите Perfect и Shape of You.