Еден од најдобрите македонски ракометари позитивен

ИЗВОРНов Лист
|

Еден од најдобрите играчи на Македонија нема да игра против Црна Гора и против Данска.

Пикерот Стојанче Стоилов нема да може да настапи на натпреварот кој започнува во 18 часот бидејќи тест покажал дека е позитивен.

„Се надеваме Столе како еден од лидерите ќе биде во можност да се врати во составот за скоро време“, велат од Ракометната федеранција на Македонија.

Избраниците на Кирил Лазаров загубија од Словенија во првото коло. Сега ќе мора да ја победат Црна Гора, ако сакаат да ги задржат шансите за втората фаза.