По спектакуларниот натпревар и сензационалистичкиот пресврт во второто полувреме, по што следуваше големата победа на Вардар против Барселона во Келн, ракометарите и целиот тим го прославија големото финале во Лигата на шампиони.
Големото финале се игра утре, а противник на вардарци во големото финале ќе биде екипата на Веспрем.
Херој на натпреварот беше голманот Дејан Милосављев. Српскиот чувар на мрежата дојде како дебитант на Ф4, а на првиот настап, против екипата која игра во најдобра форма во Европа, забележа вртоглави 18 одбрани.
Дибиров: Знам губевме со седум, па имав некаква блокада, а потoа се сеќавам дека се радувавме на теренот
Тимур Дибиров и останатите играчи на Вардар уште не можат да си дојдат при себе по големата победа која ја направија.
Вардар одигра луд меч, од минус седум до плус два против најголемиот фаворит за трофејот во Лигата на шампионите. Тимур Дибиров како и останатите се уште не може да се совземе по натпреварот.
Не знам како победивме, искрено не знам. Не сум свесен што се случи, памтам само дека губевме со седум разлика, а потоа имав некаква блокада па ми доаѓа сликата како се радуваме на теренот. Ова е неверојатно. Историја за сите нас и огромен мотив да победиме во финалето и да освоиме нов трофеј“, изјави Дибиров