Eднократна парична помош за првачињата во една скопска општина

|

Општина Аеродром издвои 2.750.000 денари за помош на семејствата со прваче во износ од 3.500 денари.
Родителите на првачињата запишани во некое од училиштата на територијата на о.Аеродром можат да поднесат барање за паричната помош од 16.07.2020 година до 15.9.2020 година.
Со проектот ќе се намалат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството.

На следниот линк може да аплицирате за доделување еднократна парична помош:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

Со барањето потребно е во прилог да се достават: потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2020/2021 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром, оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид, важечка лична карта од еден родител, трансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите на увид.

Покрај електронски, барањата можат да се доставуваат и во Општина Аеродром секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.