Едноставен рецепт за највкусното домашно трилече

ИЗВОРНов Лист
|

Слатко задоволство, кое за среќа на сите кои не толку вешти во кујната, освен што е превкусно, постојат и лесни рецепти за подготовка.

Па, ако и вие сте љубител на трилече, сега веќе не мора да го нарачувате.

Погледнете го рецептот и изненадете ги најблиските со лесен и неодолив колач.

Потребни состојки За пандишпан:

6 јајца 100 g шеќер 200 g брашно Пола прашок за пециво 1 ванилин шеќер За прелип на пандишпанот:

400 ml слатка павлака 300 ml кондензирано млеко 800 ml обично млеко За премачкување:

300 g карамел крем Начин на подготовка: Изматете ги белките и постепено додавајте шеќер и ванилин шеќер. Кога добро ќе се измати смесата, додавајте една по една жолчка, измешајте, па полека додавајте брашно измешано со прашокот за пециво.

Кога ќе го ставите и брашното, намалете го миксерот и полека промешајте.

Смесата истурете ја во плех на хартија за печење и печете околу 20-25 минути на 180⁰С. Потоа оставете пандишпанот малку да се излади, па извадете го од плехот и со нож избодете го на неколку места.

Во плех истурете слатка павлака, па врз неа ставете го пандишпанот свртен наопаку (тој дел што бил горе при печење, сега е доле).

Оставете да отстои 10-тина минути, па измешајте го млекото и кондензираното млеко и со тоа полијте го пандишпанот одозгора.

Оставете млекото да се впие, па на крај премачкајте со карамел кремот. Важно е карамел кремот да биде добар, бидејќи тој го дава вкусот на колачот.