ЕХФ со моќно видео го поздрави нашиот шампион: Вардар добредојде во Келн (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Вардар трета година по ред ќе учествува на завршниот турнир од Лигата на шампионите во Келн, и покрај сите заминувања и проблеми, македонскиот шампион го одржува високото ниво на успеси.

Вардар ги победи сите проблеми со кои се соочуваше и уште една година ќе игра на завршниот турнир во Келн. Дел од важните ракометари си заминаа, но победничкиот менталитет остана.

Вардарци ги надминаа сите проблеми со кои се соочуваа оваа сезона, Роберто Парондо покажа дека е голем тренер и го однесе македонскиот тим до уште еден фајнл-фор.

Завршниот турнир оваа година ќе се одржи на 1 и 2 јуни. Противник на Вардар во полуфиналето е Барселона.

ЕХФ со моќно видео му посака добредојде на Вардар во Келн.

Видеото погледнете го ТУКА.

Ракометниот клуб се наоѓа во круцијален период од неговото модерно постоење, по кој ќе се знае каква ќе биде неговата иднина. Важен состанок се случил вчера, меѓу Сергеј Самсоненко, играчите и Михајло Михајловски и на него се договориле некои работи. Спорт1 се обрати до почесниот претседател на црвено-црните за информација од прва рака.

Според Михајло Михајловски, нема простор за паника и за немири, неговите прогнози се дека Вардар ќе остане на ова ниво, можеби во малку променет состав.

„Точно е дека вчера имавме состанок јас, Самсоненко и играчите и во моментов најважно ни е тие да се концентрираат на фајналфорот. Се прават напори да се спаси Вардар за да биде на ова рамниште на коешто е. Како и да е, ќе се најде едно вистинско, оптимално решение тие да си продолжат. Тие што веќе потпишаа договори со нови клубови ќе си одат, но сите останати ќе останат. Значи имавме конструктивни разговори со цел да се спаси Вардар и играчите да бидат спокојни и да се концентрираат на Ф4“, вели Михајловски.

Ако неговите зборови се протолкуваат во имиња, од Вардар, сепак, летово ќе си заминат Карачќи, Мораес, Калараш, Кисељев, кои веќе имаат потпишано со нови клубови, но и Криштопанс, чиј договор со ПСЖ првично беше од 2020 година. Останатите остануваат, но уште повеќе радува фактот што Михајловски вели дека се трудат да го задржат Вардар на ова рамниште, на кое фунцкионира во последниве неколку години.