Екипата на Вардар добива големо засилување?

ИЗВОРСкопје24
|

Екипата на Вардар наскоро може да добие големо засилување на пивотменската позиција, а воедно и во одбраната во ракометар кој би требало да пристигне од екипата на Барселона. Се работи за ракометар кој е незадоволен од минутажата во клубот, а истиот веќе извесно време е поврзуван со трансфер и во Монпелје и во Нант.

Камил Шипжак во изјава за sportowefakty.wp.pl потврди дека веќе имал контакти со клуб од Македонија, а јасно е дека тоа е Вардар и според неговата изјава постои голема шанса за биде виден во „црвено-црниот“ дрес. На Вардар му е потребен пивот, а Шипжак би одговорал со своите предиспозиции за играта која што ја негува Парондо. Со оглед на тоа што репрезентативецот на Полска добро го познава шпанскиот систем ќе нема проблем да се вклопи и ќе дојде добро.

„Имам понуди од Франција, Германија, но и од Македонија. Гладен сум за играње, а не за ловорики. Размислувам уште, а главна улога ќе има тоа каде ќе можам повеќе да играм. Пред да одлучам тоа ќе биде главната причина за да се решам за клубот во кој ќе ја продолжам кариерата“, вели Шипжак.

Веќе е познато дека Монпелје и Нант го сакаа во своите редови, но сега и Вардар е заинтересиран, а шансите на шампионот на Македонија се големи за да го види во своите редови.

Останува неизвесно дали ќе може да пристигне во Вардар уште сега во јануари бидејќи нема да има право за настап во Лигата на шампионите поради фактот што играше за Барселона. Поголема е веројатноста тоа да се случи во текот на летото.