Карла Белучи е некогашна манекенка која сака нејзината 14-годишна ќерка да се подложи на пластична операција. Како што пишува “Daily Mail”, таа смета дека “грдите луѓе не стигнуваат далеку”, а за ќерка си вели дека “не е надарена за учење, па затоа сака да ја направи убава”.
Ова не е првпат 37-годишната Белучи да ја шокира јавноста. Имено, таа претходно оваа година признала дека лажела дека била депресивна само за бесплатно да добие – нов нос.
„Таниша не е најталентираното девојче за учење, па всушност и не се грижам за нејзиното образование, за разлика од образованието на моите синови”, изјавила мајката на три деца која очигледно стратешки ја планира иднината на своите деца.
„Треба да се ослони на својот изглед за да успее во животот, а за тоа треба да биде совршена. Грдите луѓе не стигнуваат далеку”.
Карла вели дека малата Таниша има и свои модни идоли. „Обожува како изгледаат Кардашијанките, со големи задници и гради, и полни усни. Таа ќе добие филери кога ќе наполни 16 години, што во целост го поддржувам”.
Поранешната манекенка ја поддржува и во желбата Таниша да ги зголеми градите, но кога ќе наполни 18 години. Освен тоа, Карла ќе ѝ дозволи да направи и хируршко подигнување на задникот – ризична операција од која, според истражувањата, ум*ра еден од 3000 пациенти. Белучи смета дека задникот на нејзината ќерка е “прилично рамен и му треба подобрување”. Затоа, таа штеди пари за да ѝ овозможи на Таниша да отиде “под нож”, а признала дека за таа цел дури и се обидела да добие пари од британските национални здравствени служби.
Белучи уште од сега вложува во изгледот на својата ќерка така што ѝ плаќа третмани за нокти, цртање на веѓите и екстензии за коса.
Кога признала дека глумела за да добие нов нос, таа изјавила дека го завела докторот кој ѝ објаснил како да го измами системот, преправајќи се дека има проблеми со менталното здравје.
„Смешно е што никогаш не боледував од депресија, а тие не проверија баш ништо”, задоволно објаснила во една прилика.
По нејзиното јавно истапување, почнала да се собира петиција за Карла да биде казнета, а засега има 350 од 500 потписи.