Елена Ристеска прогласена за „Личност на годината во светот на поп музиката” во Србија

ИЗВОРНов Лист
|

Пред еден месец ја доби наградата „Најдобар македонски уметник“ од церемонијата ‘Best of Rumeli 2021’ која се одржува во Турција, Елена Ристеска овојпат се закити со уште една награда како признание за нејзината 19-годишна музичка кариера, која доаѓа од соседна Србија.

Ристеска на својот Инстаграм профил напиша дека е среќна што ја претставува Македонија во најдобро светло насекаде низ светот, иако ѝ е жал што кај нас повеќе не постојат меродавни манифестации од овој вид.

„Вчера бев прогласена за Личност на годината во светот на поп музиката и се закитив со уште една статуетка или награда како една од 7-те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија.

Уште една награда на моите полици дома, меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19 години музичка кариера. За жал, во мојата земја сè помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности. Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство, тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот.

И секако на сите наградени им подаривме подароци од мојот козметички бренд Era Cosmetics. Новата ера во козметиката допрва доаѓа. Приказната за ЕРА козметика се шири и подалеку од Македонија.

Благодарам и на прекрасниот Бојан Маровиќ за дружбата, тој е мој брат, а не колега или другар. И благодарам за убавото интервју на Сузана Манчиќ“