Македонската пејачка Елена Ристеска својата музичка кариера ја стави во втор план и сега потполно е посветена на својот нов бизнис откако ја лансираше своја козметичка линија „ERA Cosmetics“ односно парфемот со ова име, а од неодамна и гел за туширање.
Со појавувањето на манифестацијата „Rumeli Best of festival“ во Турција, каде Елена ја доби наградата за најдобар претставник на македонската култура, пејачката како да го најавува своето враќање на музичката сцена.
Неодамна дојде до размена на инстаграм постови со српска ѕвезда. Но тој не пејач туку познат актер, кој патем одлично пее, па затоа и Милан Васиќ посака дует со Елена Ристеска.
Милан многу пати докажал дека знае не само да глуми туку и да пее, дури и професионално покажувајќи го својот неспорен вокален потенцијал и талент.
Елена пак, на која дуетите со изведувачите од регионот не и се непознати веднаш реагираше и му одговори на актерот, со широко раширени раце прифаќајќи го предизвикот или поточно поканата.
„Обавезно дует… Дојди ни во Македонија Миланееее“ – му порача Елена, а тој гордо потврди деке ете… „Договоривме и дует“!
Единствено што останува е да видиме дали ќе биде само македонско или српско, забавно или народно или можеби ќе бидеме сведоци на еден вид „мешана култура“?