Елмас му кажа ДА на Наполи: Петгодишен договор со милион евра по сезона плус бонуси!

ИЗВОРСкопје24
|

Прашање на часови е кога Ељиф Елмас ќе стане нов фудбалер на Наполи. Ако минатите денови на маса имаше неколку понуди и размислуваше за повеќе опции, македонскиот репрезентативец денес е насочен само кон една опција – Наполи на Карло Анчелоти. Италијанскиот тренер вчера на прес-конференција најави дека Родригез е една опциите за средниот ред, но без разлика дали ќе пристигне на „Сан Паоло“ или не, клубот ќе доведе уште еден креативец во средниот ред.

Медиумите веднаш тоа го сфатија како повик да се заврши работата со Елмас. Gol.mk најави дека таткото на Ељиф, посредникот Рамадани и челници на Наполи неколку пати разговарале, а се предвидува дека и во текот на денот треба да комуницираат за дефиниција на трансферот.

Неофицијално дознаваме дека Елмас на маса има петгодишен договор со растечка плата од еден милион евра во првата сезона, па постепено зголемување плус бонуси. Сите препораки за Елмас, па и оние на Пандев и Јакимовски кои играа или уште играат во Италија се позитивни и Ељиф ќе им се приклучи на Алан, Зиелински, Мертенс, Каљехон, Инсиње во средниот ред на вицешампионот на Италија.

Македонскиот репрезентативец утре нема да се јави на прозивката на Фенербахче, а клубот од неговиот трансфер се очекува да инкасира 15-тина милиони евра.

Извор: gol.mk