Прославениот камерунски фудбалер Самуел Ето во својата кариера имаше шанса да работи со Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо.
Ето во Барселона во првата сезона на Гвардиола како тренер на овој клуб освои се што можеше да се освои, а потоа на големо изненадување го напушти клубот и прејде во Интер. Но, и во Интер Камерунецот под водство на Мурињо дојде до триплетата.
Камерунецот не крие дека со Гвардиола не е баш во најдобри односи и дека и тоа како му замерува на него и на челниците на Барселона што го продале во Интер во летото 2009. година. Ето тогаш беше дел од трансферот на Ибрахимовиќ, но се испостави дека тоа беше одличен потег за камерунскиот напаѓач.
Иако отворено вели дека Жозе Мурињо му е многу подраг од Гвардиола, легендарниот напаѓач сепак не крие дека шпанскиот тренер е одличен стручњак и дека од него многу научил.
„Го сакам како тренер, но не и како личност. Од него научив доста во фудбалот. Некои работи подобри ги правеше од сите останати. Тој е најдобар, но секако и најдобрите некогаш губат натпревари“, изјави Ето.