Пејачката Снежана Бериќ, попозната како Екстра Нена, беше последната претставничка на Југославија на Евровизија.
На овој натпревар учествувала во 1992 година и го освоила 12. место со песната „Ги сакам тие песни“.
Екстра Нена тогаш беше многу популарна на овие простори, а со својот моќен вокал и елеганција успеа да го освои светот.
Тогаш се зборуваше дека на нејзиниот пласман влијаела тогашната политичка ситуација во Југославија, па пејачката на крајот се повлече од јавноста.
Сепак, таа се појави на една од последните Беовизии и ги воодушеви сите кога настапи во фустанот што го носеше кога пееше на Евровизија.