Еве кога ќе може да одиме во Грција: Продолжена забраната за патување за некои земји

|

Со заедничка одлука на министрите, Грција во средата ги продолжила рестриктивните мерки, забрана за патување, кои се однесуваат на воздушниот и водниот сообраќај од странство.

Според одлуката на Министерствата за здравство, внатршни работи и цивилна заштита, која во текот на денот ќе биде објавена во Службениот весник, летовите во/од Турција, Велика Британија, Холандија, Шпанија, Италија и Германија ќе бидат забранети до 15-ти мај, 2020-та година, до 15 часот, додека летови од/во Германија се дозволени само на Меѓународниот аеродром во Атина.

На држвјаните од останатите земји, во кои спаѓа и Македонија, нема да им биде дозволено да одат во Грција до 18-ти мај, 2020-та година. Според Шенгенскиот споразум, забраната не се однесува на државјаните во Европската унија.

Грција на 23-ти март воведе блокирање и забрана за патување на државјаните кои не се членки на ЕУ, како и летови од/за Турција и Велика Британија, се наведува на порталот „Keep Talking Greece“.

Иако нема тестови за масовно тестирање, грчката влада се подготвува за почеток на постепено укинување на ограничувањето на почетокот на мај.