Се породи Сања Николиќ- бебето доби необично и уникатно име

|

Раперот Марко Маринковиќ- Слаткар стана татко. Среќната вест ја сподели на својот Фејсбук профил каде напиша:

Се роди Моша Маринковиќ, голем да му расте!

Инаку, Слаткар неодамна откри дека не планира да организира мекици по повод раѓањето на своето дете затоа што смета дека тоа се залудно потрошени пари.

Претходно Марко без никаков проблем ги пушти камерите дома, па така неколкупати ги угости „Бекстејџ“, но Сања за разлика од порано, во време на бременоста немаше желба да се појавува пред камери и да се експонира пред јавноста. Исто така таа не практикуваше да објавува детали од деновите во бременоста.

Слаткар беше очигледно возбуден поради најубавата улога во животот па објави видео и фотографии на социјалните мрежи од својата бремена сопруга.

За потсетување, Сања и Слаткар се венчаа во 2014 година во еден скопски ресторан, а на големата свадба првиот танц го одиграа на песна која тој специјално ја напиша за неа, а присуствуваа многу познати личности од јавниот живот.