Како загревање пред официјалниот старт на вториот дел од сезоната во ракометната Лига на шампионите, ЕХФ направи анкета со која ракометна Европа го бираше најпопуларниот капитен, а првото место го освои вардаровиот капитен, Стојанче Стоилов, кој доби многу повеќе гласови од Виктор Томас, лидерот на Барселона.
Стоилов доби 64 проценти од гласовите, а Томас 36%.
Стојанче Стоилов е роден на 30 април 1987 година и тој моментално настапува за за ракометниот клуб Вардар и за Македонската ракометна репрезентација.
Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, којшто „Вардар“ го одиграл против полскиот „Келце“ во Скопје, на 11 април 2015 година, Стојанче Стоилов беше избран за дел од најдобриот тим на колото, а нешто подоцна, според гласовите на гледачите на Лигата на шампионите, беше прогласен за најдобар играч во првото коло од четвртфиналето.