Секогаш можеме да сметаме дека Русите ќе ни донесат нешто сосема поинакво и полудо од се на што сме навикнати.
Екипата од Јутјуб каналот “Garage 54” снимила една специјална епизода.
Тие од обична “Лада” направиле “Porsche Boxster”.
Во случај да ви изгледа дека овој Porsche изгледа малку поинаку, сега работите се појасни.
Под воглавно жолтите панели, се наоѓаат “коските на Лада”.
Целиот проект бил прилично амбициозен, а крајниот резултат е 65 коњски сили на задните тркала.
Интересно е дека осовинското растојание на Ладата е речиси совршено за германскиот спортски автомобил, како и позицијата на моторот бидејќи е доволно длабоко за овој “Ладстер” да го класифицираме како автомобил со средно позициониран мотор.