Осумина кра дци поделени во три групи оперирале во Штип, а мета им биле катализатори од системот за издувни гасови од патничките моторни возила.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Штип, расчистени се четири кривични дела „тешка кражба “, од кои три во обид, на катализатори од системот за издувни гасови од патнички моторни возила на подрачјето на Штип, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од страна на три групи, од кои едната составена од 22-годишниот Т.И. од радовишкото село Подареш, 21-годишниот Д.И. и 23-годишниот Т.Н., двајцата од радовишкото село Ињево.
Втората група била составена од од 24 – годишниот И.К., 28 – годишниот Е.А. и 26 – годишниот А.Р. тројцата од Велес и третата група од В.И. од штипското село Лакавица, А.С. од делчевско село Јакимово, двајцата на возраст од 28 години.
Во СВР Штип извршен е службен разговор со сите осомничени лица и тие го појасниле времето, местото, начинот и околностите на вршењето на кривичните дела.
Од страна на полициски службеници пронајдени и одземени се алатите со кои биле извршени кривичните дела. По комплетирање на случаите, против сторителите на кривичните дела ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.