Роџер Федерер дал интересна изјава поврзана со неговите најголеми ривали Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Швајцарецот е сопственик на многу рекорди во тенисот, а ја предводи листата на играчи со најмногу освоени Грен-слем трофеи. Федерер во кариерата 20 пати победил на Грен-слем турнирите.
Една титула помалку има Надал, а Ѓоковиќ засега е на бројката од 16 трофеи. Федерер не би имал ништо против доколку некој од овие двајца би го престигнал.
„Тоа би било во ред, не имал проблем со тоа. Се сеќавам колку јас бев среќен кога го соборив Грен-слем рекордот. За мене посебен момент е кога ќе соборам нечии рекорд , а не кога ќе го задржам. Ќе биде интересно да се види уште колку ќе играат Рафа и Новак, тие се неверојатни“, рекол Федерер, потенцирајќи дека ривалството со нив двајца придонело тој да стане уште подобар играч.
„Многумина велат дека ќе освоев повеќе од 20 Грен-слем титули доколку за ривали ги немав Рафа и Новак. Можно е, но доколку не беа тие ќе беа некои други играчи. Благодарен сум им направија да станам уште подобар играч“.