Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека веројатно од понеделник нема да има воопшто полициски час или било какви други рестрикции, но дека за ова ќе се одлучува во недела.
Рече дека најголемиот дел од кластерите се следат и дека позитивните случаи ќе бидат ставени во изолација.
Министерот кажа и дека дури 90 проценти од новите случаи се лоцирани во петнаесетина кластери, односно во 15 семејства. Напомена и дека имало еден период кога граѓаните не биле свесни и кога циркулирале низ градот Скопје.
Вели дека сега надлежните преземаат мерки за да дополнително не се рашири. Филипче рече дека 90 отсто или немале симптоми, или имале лесни симптоми. Тој смета дека кон крајот на идната недела ќе се промени состојбата. Според Филипче, одлуката за карантин е оправдана.
„Во Чаир и во Бутел се најголемиот број на позитивни асимптоматски случаи“, вели Филипче.