Филипче: Граѓаните мора да се свесни дека не треба да се собираат

ИЗВОРНов Лист
|

Граѓаните мора да се свесни дека не треба да се собираат и да се групираат.

Во целата борба, еден сегмент е здравствениот систем, другиот сегмент се инспекторатите, но третиот дел е свеста и совеста на граѓаните, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче исто така истакна: Интервенираме со забрани таму каде законот ни дозволува, а со препораки, онаму каде законот не ни дозволува. Ние пробавме со закон да ги забраниме и домашните собири и слави, но излезе дека тоа е противуставно. Затоа почитувајќи го интегритетот на домот согласно Уставот и неможејќи да ги забраниме тие собири, огромен дел од оваа борба припаѓа на одговорноста, свеста и совеста на граѓаните. Мора да се свесни дека оваа криза мора да се надмине, дека не треба да се собираат и да се групираат.

Владата денеска на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болести и на Главниот штаб. Комисијата за заразни болести реши да и препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во претстојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот и да нема групирања дома и на отворено.

Препораките за рестриктивни мерки се насочени на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти.