Филипче: Дополнителни рестриктивни мерки не се потребни

ИЗВОРНов Лист
|

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека пред една недела беше регистриран најголемиот број на случаи на дневно ниво, а од тогаш се намалува бројот.

Филипче додаде – „Ова ни покажува дека мерките даваат резултат. Размислувавме и за дополнителни мерки, но сметаме дека нема потреба ништо друго да се препорачува. Полициски час по 21 часот ништо нема да донесе бидејќи е празно веќе и времето е студено, угостителските објекти се затворени, забрането е групирање во текот на цело деноноќие и останува како ризик собирите во домашни услови за што има препорака да не се организираат“.

Дополнителни мерки засега не се планираат. По однос на ситуацијата во Прилеп, Филипче истакна дека за утре е договорена средба со градоначалникот на која детално ќе се евалуира состојбата.