Фабриката за хартија „Пејпер мил“ од Кочани заработи казна од 20 илјади евра бидејки испушатала ПМ честички над дозволените граници. Ова е инсталацијата за која грѓаните – активистите, но и градоначалникот на Кочани подолго време алармираа дека го загадува и воздухот и водата. Инспекторатот кога излегол на терен утврдил дека се во право и дека ќе мора да платат и казна и да го поправат своето работење.
Инспекторатот останува и на ставот дека министерството за животна средина ќе мора да го преиспита елаборатот за работа на наследничката на контроверзната ЕКО клуб, РЕМОНДИС МЕДИСОН. Според директорката на инспекторатот во елаборатот кој веќе е одобрен се напишани работи кои во реалноста нема да може да се спроведат. Спорна е и локацијата на која треба да се пресели оваа инсталација бидејќи се наоѓа на кванташки пазар во близина на производство на храна. Претходничката еко клуб веќе имаат една пријава до обвинителството бидејќи лани беше утврдено дека медицинскиот отпад кои го преработуваат не е соодветно складиран. Напротив кучиња го разнесуваа низ дворот.
Инспекторите влегле и во 40 фирми во кругот на скопска железара. Дел од нив работеле без елаборати за заштита на животната средина. Направиле и вонреден вечерен надзор во Макстил каде се мери нивото на прашина која го испушта и се чекаат резултатите.
За малата хидроцентрала во Лешница е утврдено дека се наоѓа во близина на каптажата за водоснабдување на Тетово но дека околината е незаштитена. Таму постои опасност машините да ја загадат водата која ја пијат Тетовци па поради ова ако во рокот кој е даден општината не превземе ништо ке мора да се казни.
Директорката пресот го одржа пред зградата на државниот ревизор, оти инспекторатот изгоре во пожар пред неколку месеци. Таа и во интервју за КОД потврди дека голем дел од документацијата е уништена па сега орифгиналите инспекторатот ги бара од секоја фирма пооделно.
Билјана Николовска