Александар Трајковски летово ќе го напушти Палермо, а за неговиот потпис се заинтересирани бројни клубови. Според италијанските медиуми, Милан е последниот клуб кој сака да го доведе Трајковски во своите редови.
Палермо поради контроверзни натпревари беше казнет со 500 илјади евра и одземени 20 бодови. И баш поради ова најверојатно ќе биде исфрлен во Серија Д, што значи дека Александар Трајковски ќе биде слободен агент.
Претходните неколку денови се шпекулираше дека „најзагреан“ за Трајковски е португалски Спортинг, каде Трајковски би дошол како замена за Бруно Фернандес кој најверојатно заминува од клубот, а македонскиот интернационалец таму би бил соиграч со Стефан Ристовски.
Но, работите сега се малку покомплициран, откако во трка за неговиот потпис влегуваат и „росонерите“.
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) July 10, 2019