Игор Карачиќ денеска и официјално беше промовиран како ново засилување на Келце. Хрватскиот репрезентативец е еден од оние играчи кои стана заштитен знак на Вардар, по седум години минати во во таборот на македонскиот тим одлучи дека е време за нов предизвик.
Откако завршија сите формалности, Карачиќ преку социјалните мрежи му се обрати на Стојанче Стоилов. Го одбра бројот на капитенот на Вардар, па го праша пикерот за оваа негова одлука на оригинален начин.
Извор: sportmedia.mk
Посебно видео за непосакуваното “збогум“: Вардар останува без Игор Карачиќ
„Кралот“ на СЕХА-лигата и играч на Вардар, Игор Карачиќ, за жал од следната сезона нема да го гледаме во црвено-црниот дрес и ова натпреварување.
Игор Карачиќ е од самиот почеток на СЕХА-лигата, каде успеа да освои пет трофеи со Вардар.
Дефинитивно и Вардар и лигата губат со неговото заминување, а од медија тимот на СЕХА со посебно видео се збогуваа од ракометниот „моцарт“.