Фудбалерите денес во 18:30 часот слетуваат на скопскиот аеродром

|

Maкедонската фудбалска репрезентација вчера не успеа да направи ново изненадување и беше поразена на гости кај Португалија со 2:0, со што заврши сонот за светското првенство.

Но фудбалерите покажаа дека можат да се надигруваат со секого и не треба да бидеме разочарани, туку задоволни од она што го видовме на теренот во дуелите со Италија и Португалија.

Денес во 18:30 часот репрезентативците слетуваат на аеродромот во Скопје, па и покрај поразот веруваме дека момците на Милевски заслужија да бидат поздравени од македонската публика.