Војвотката ни даде одлична идеја за празничен стајлинг!
Новогодишната еуфорија ги зафати и членовите на кралското семејство, па и тие веќе започнаа со подготовките за најчудесниот период од годината.
Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг Вилијам гостуваа во една емисија каде што се подготвуваа новогодишни специјалитети. Она што привлече поголемо внимание од колачите е фустанот кој Кејт го одбра за оваа пригода.
Војводката блескаше во креацијата, а од неа не очекувавме и ништо помалку.
Црвениот фустан со интересен принт совршено одговараше на нејзината боја на коса. Оваа нијанса дефинитивно феноменално и прилега.
Дизајнот на фустанот е својствен за неа и нешто на што сме навикнати, но таа направи мал чекор и ги замени сивите тонови во кои често ја гледаме со оваа живописна боја.
Деталот во форма на машна го направи овој фустан уште поинтересен.
Дали и вие би ги дочекале празницита со ваков стајлинг?