Газдата на Наполи му посака добредојде на Елмас – се пофали со потпишаниот договор (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Контроверзниот газда на италијанскиот вицепрвак Наполи, Аурелио Де Лаурентис се пофали со својата најнова аквизиција – макеоднскиот бисер Елиф Елмас.

Елмас денеска го потпиша петгодишниот договор вреден 7,5 милиони евра и Де Лаурентис му посака добредојде на играчот за врска и наш репрезентативец. Елмас ќе заработува 1,3 милиони евра во првата сезона, а 1,7 милиони во последната 2023/24 според договорот.

„Добредојде Елиф во Наполи“, објави Де Лаурентис со слика од потписот на договорот со македонскиот фудбалер.

Де Лаурентис се пофали зашто успеа да го ангажира екстраталентираниот фудбалер победувајќи во силна и сериозна конкуренција на ривали, кои исто така се бореа за да го добијат македонскиот фудбалер.

Елиф Елмас треба да биде осмо засилување за Наполи ова лето. Карло Анчелоти инсистира за негов трансфер откако стана јасно дека ќе ја загуби битката за ангажман на Хамес Родригез од Реал Мадрид. Македонскиот репрезентативец одигра 40 натпревари за Фенербахче и постигна четири гола, а со своите 19 години има веќе 11 настапи и за сениорскиот национален тим на Македонија.

Елиф Елмас ќе биде вториот Македонец кој ќе го облече дресот на Наполи по Горан Пандев. Во текот на наредната седмица, Елмас треба да допатува во Неапол, да ги мине медицинските прегледи и да стави потпис на договорот со „наполитанците“.