Георгиевски не успеа да му се реваншира на Ларин – повторно сребро

|

Сребрениот македонски медалист од Токио, таеквондистот Дејан Георгиевски, го освои второто место на престижниот Президент Куп што се одржа во Драч, Албанија, објави Вечер.

Тој до среброт во категоријата до 87 килограми дојде откако претрпе пораз во финалето од олимпискиот шампион Владимир Ларин од Русија, со кого Георгиевски ги одмери силите во финалето во Токио.

Георгиевски одлично ја отвори бор бата, со водство од 4:0, а потоа се мина во знакот на противникот кој нанижа 22 поени за конечни 4:22.

Претходно, на патот до финалето Георгиевски ги совлада Ангелопулос од Грција, Ел Џазиди од Франција и Хели од САД.

Инаку, сребрениот медал му донесе 12 бода на табелата во светската ранг-листа, кои се исклучително важни за обезбедување норма за Олимписките игри во Париз.