Германија бара 24.000 работници: Во развиената економија платите се 4.000 евра, е еве кои професии се бараат

|

Германската железница во оваа и наредната година планира да вработи околу 50.000 нови работници.

До крајот на оваа година ќе има 24.000 нови работници, а во наредната година планираат да вработата уште толку работници, објавиле вчера во Минхен, менаџерот Мартин Сеилер и сојузниот министер за сообраќај Андреас Шоер.

Особено се бараат машиновозачи, диспечери, железничари, но и IT експерти и електричaри.

Германската железница моментално вработува околу 200.000 луѓе во целата Германија, но наредната година многумина од нив ќе се пензионираат, па од DB веќе отсега бараат нови работници.

Дури половина од тие 200.000 работиници ќе мора да бидат заменети во текот на следните неколку години, а поради планираните вложувања ќе мора да бидат заменети во текот на наредната година па така ќе се отворат нови работни места.

Приватната железничка фирма во текот на летната сезона имала проблеми поради недоволен број на машиновозачи, а тоа е проблем кој што сакаат да го решат. Само оваа година ќе се вработат 2.000 нови машиновозачи и диспечери.

Балканците во Германија заработуваат до 4.000 евра, но сепак најголемиот трошок им е киријата.