Гигс „удри“ по виновникот за нерешеното со Евертон: Тоа момче има голем проблем!

|

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, го искритикува Ентони Марсијал за  вчерашниот настап против Евертон, каде Јунајтед загуби два бода (1:1).

Велшанецот сега даде сугестија дека можеби Гринвуд заслужува стартна позиција пред францускиот фудбалер.

Ова момче е навистина талентирано, не е лошо момче, но тој има проблем, а тоа е што е летаргичен цело време. Тој делува така опуштено, како да не е вознемирен од ништо. Во моите очи, Марсијал не дава екстра напори пред се поради неговата личност“.

Гигс даде свое видување и за младиот Мејсон Гринвуд кој е се подобар во редовите на трофејниот клуб.

Кога го гледате Гринвуд, како игра и постигнува голови, Марсијал мора да биде под притисок, бидејки не дава екстра перформанси во дефанзива а ништо не е подобар ни офанзивно. Мислам дека Оле го трасира по вистински правец, тој е играч кој има влијание на терен“, истакна Гигс.