Ѓоковиќ: Си ги сакам соседите Македонците, Хрватите, Босанците

ИЗВОРСкопје24
|

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, во интервју за весникот „Блиц“, рекол дека ги почитува сите спортисти што направиле големи резултати и дека „од срце“ навивал за Хрватска на Светското првенство во фудбал.

Ѓоковиќ, дополнил, дека сите соседи ги доживува како свои и дека исклучително го почитува Лука Модриќ, кој во 2018 година ги собра наградите за најдобар фудбалер во светот.

„Знам каква е политичката ситуација и знам дека раните од војните се уште се свежи за многу луѓе. Силно сум убеден и верувам дека спортот не треба да се врзува со политиката“, рекол Ѓоковиќ.

Светскиот рекет број 1 дополнил дека спортистите со взаемна почит покажуваат дека спортот е над сите.

„Тие се наши први комшии и Хрватска и Босна и Македонија и нив ги сметам за свои. Никогаш не сум размислувам на поинаков начин и секогаш ќе се држам до тоа“, заклучил српскиот тенисер.