|
Серж Гнабри синоќа го распарчи Тотнем со четири гола во епскиот триумф на Баерн со 7-2 за да се запише во историјата како втор Германец и втор фудбалер на Баварците кој дал четири гола на меч во ЛШ, ама после мечот уште повеќе ги израдува и навивачите на Арсенал со – епски сеир за европскиот вицепрвак.
Одамна е познато непријателството во Северен Лондон на Арсенал и Тотнем, а Гнабри како поранешен арсеналовец не можеше послатко да им се изнасмее на ривалите, откако го уништи.
„Северен Лондон е – црвен“, само кратко напиша Гнабри.
Јасно е што сакаше да каже. Не само победата на „црвениот “ Баерн, туку победа на која со воодушевување ја дочекаа „црвените од Емирати“.