Ова треба да го прочита секоја жена! Гоца Тржан испрати силна порака за стареењето

|

Популарната пејачка Гоца Тржан испрати силна порака до сите припаднички на понежниот пол и ги воодушеви сите со своето размислување.

Многу жени се обидуваат да го спречат појавувањето на знаци на стареење со естетски корекции и разни третмани, тие се чувствуваат лошо заради нивната возраст и не гледаат на тоа од агол како популарна пејачка.

Покрај промена на изгледот, возраста носи зрелост, различен поглед на светот и секоја жена треба да прочита како Гоца го доживува стареењето.

– Секако дека стареам. И тоа со голема благодарност што сум здрава и сè уште можам да бидам продуктивна и силна. И никогаш не сум се чувствувала подобро во мојата кожа, не затоа што сум поубава, или позгодна, или затоа што имам помалку брчки, туку затоа што сум посвесна! – напиша Гоца и додаде:
– Повеќе свесна за себе и за своите можности, сета љубов што ме опкружува, сè што сакам и не сакам и сознанието дека ама баш ништо не морам. И стареам достоинствено и неоптеретенон, активноно и негувано. Што и вам ви посакувам.

Пејачката воодушеви многу жени со својот пост, кој во своите коментари напиша: „Така е!“, „Браво, Гоцо“, „Во право си“, „Многу жени немаат можност да остарат!“.