Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја

ИЗВОРНов Лист
|

Според информациите од добиеното известување од ЕВН Македонија АД , на ден 13.06.2022 година (Понеделник) поради планирани техннички зафати во дистрибутивниот систем за електрична енергија , без електрична енергија ќе останат:

Од 09:00- 12:00 часот корисниците од зградата на Ул.Ташко Караџа бр.10, зградата на Ул.Христо Ботев бр.5 (општина Гази Баба)

Од време од 09.00 – 12.00 часот корисниците од дел од ул.Јордан Мијалков, објектите во близина на Дискотека Станица и раскрсницата со ул.Герман. (општина Центар)

Од 09:00-14:00 часот корисниците Дел од с.Сарај кај Хотел Сарај, ул.Ѓорче Петров под ул.1 и под ул.5, Дел од ул. Трајко Бошковски Тарцан, објекти кај Кристина Мебел , Станбена зграда до Болница „Санте Плус“. (општина Сарај)

Од време од 09.00 – 14.00 часот корисниците од ул.Никола Русински зграда 3а, зграда 3б, кафе „Флуид“ (општина Карпош)

Од време од 09.00 – 14.00 часот корисниците од село Грачани, Караула Чашка, Викендици Кучково кон Манастир Св.Ѓорѓија.(општина Чучер Сандево). Од 10:00 до 14:30 часот дел од корисниците на улица Александар Мартулков.(општина Ѓорче Петров)