Славчо Попоски најавува пак дождови и невреме

ИЗВОРНов Лист
|

– Во текот на утрешниот ден, особено попладнето локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Потоа од вторник па натаму Атмосферата ќе биде постабилна, а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во поладневните часовни не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пораст, и тоа особено од вторник кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 35 степени. И во Скопскиот регион утре попладне има услови за локална нестабилност, додека потоа времето ќе биде претежно стабилно, суво и и со многу повеќе сончеви периоди. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 28 степени – вели метео прогнозер Славчо Попоски.