Голем трансфер во најава: Вардар ја купува ѕвездата од Кјелце

ИЗВОРСкопје24
|

Екипата на Вардар се чини го помина најцрниот период и повеќе не треба да стравува за својата иднина. Но пред управата на „црвено-црните“ е напорно лето во кое ќе мора да обезбедат сериозни засилувања за да се надополнат големите заминувања.

Сигурно едно од најосетливите места во тимот е голманската позиција која што во актуелниот европски првак останува испразнета по заминувањето на Дејан Милосављев во Фуксе Берлин.

Во изминатиот период името на Никола Портнер се споменуваше како можна опција, но „Спортклуб.мк“ дознава дека многу веројатно нов голман на Вардар ќе биде Филип Ивиќ.

Хрватскиот интернационалец изминатите две сезони настапуваше за Кјелце, а од новата сезона требаше да го брани голот на Гумерзбах. Но Германците денес испадаа од Бундес лигата, па до овој трансфер нема да дојде.

Нашите информации велат дека Ивиќ веќе од претходно бил подготвен на вакво сценарио, па за тоа веќе имал и првични контакти со управата на вардарци.