|
Во полуфиналето на бразилскиот шампионат за играчи до 20 години на мечот меѓу Фламенго и Коринтијанс, беше нападнат голманот на домаќините. Фламенго го доби првиот дуел на гости со 2-1, а во вчерашниот реванш успеа да одигра реми без голови.
Голманот на Фламенго се истакна со одбранет пенал, кој се покажа како клучен за задржување на предноста. Тоа не им се допадна на фудбалерите на Коринтијанс и последниот свиреж на судијата тргнаа да се пресметаат со противничкиот голман.
Прво капитенот на гостите имаше што да му каже на голманот и дојде до минимални контакти. На помош на капитенот дотрчаа останатите играчи и беа разменети неколку удари.