оран Пандев ја направил конекцијата на италијанскиот гигант Интер со нашиот млад феномен Елиф Елмас. Клубот и фудбалерот веќе неколку дена се во преговори. За текот на преговорите и можноста да се реализира трансферот од прва рака ни коментира Горан Пандев.
„Зборев со директорот Марота кој бараше од мене информации за Елиф Елмас. Ги споив двете страни кои интензивно преговараат. Јас би сакал Елиф да го видам во дресот на Интер“, ни изјави Горан Пандев од Џенова.
Според она што го дознаваме Џевдет Елиф, таткото на Елиф веќе имал средба со директорот на Интер, Џузепе Марота. Средбата била во Милано каде се договарале детали околу можноста Елиф од Фенербахче да замине во Интер.
„Интер е добра опција за Елиф. Посебно сега со новиот тренер Антонио Конте кој форсира формација 3-5-2 во која Елиф е најдобар. Но, како што сум информиран за Елиф Елмас има интерес и од многу други големи клубови. Јас моето го завршив а на фудбалерот и неговата фамилија е да одлучат дали ќе ја прифатат понудата од Интер“.
Како што дознаваме од Интер се подготвени да платат од 12 до 15.000.000 евра за слободата на 19 годишниот бисер од Македонија за кого се тркаат Зенит, Тотенхем, Лацио, Манчестер Јунајтед. Спортмедиа од прва рака дознава дека фудбалерот се мисли помеѓу Интер и клуб од Германија и покрај најновите вести од Истанбул кои велат дека Фенербахче ќе се обида да го задржи играчот за врска барем уште една сезона.
За него сонуваа Вардар и Шкендија, го бараа речиси сите балкански џинови, но и моќници како Челзи, Манчестер Сити, Бенфика… Крај Босфорот пристигна тивко, го пречекаа само неколку новинарски екипи, кои го фотографираа и земаа куса изјава. Ништо во споредба со фештите кога доаѓаат големите ѕвезди на европскиот фудбал. Неколку месеци подоцна, тој вреди повеќе од 20 милиони евра. Не е лошо за момче од нашето маало, зарем не.