Капитенот Горан Пандев преку порака на својот инстаграм-профил му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски за соработката што ја имаа во изминатите години.
Во објавата Пандев пишува: „Прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија,сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот…ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ке направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство.Сите овие години не беше лесно имаше и многу препреки али ти гордо ја чуваше нашата фамилија….ШЕФЕ благодарам е малку да ти кажам вие го сплотивте цел македонски народ вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг….затоа сакам да ти кажам дека вечно ке останеш во моето срце“
Целосната објава можете да ја погледенте со клик ТУКА.