Ѓорѓиев: Имаме срце-планина, ова беше вистинската Македонија!

|

Никола Ѓорѓиев, капитенот на макeдонската репрезетација, имаше фантастичен натпревар и со 37 поени го водеше националниот тим до деби-триумф на ЕП против Белорусија.

По првата победа, најдобриот наш одбојкар беше пресреќен и им честита на сите.

„Знаев дека можеме, затоа бев тажен по мечевите со Финска и Турција. Имаме сила, имаме срце имаме се, но бевме одушевени. Дали тоа што се велеше дека е историја, ни направи така. Ова е величествена победа, имаме срце планина. Ова беше вистинската Македонија. Сега за нас следи Словенија, мислам дека ќе бидеме пак на нивото затоа што како што одминува Европското првенство, така ја креваме и формата“, изјави Ѓорѓиев.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра денес од 17:30 во „Стожице“ во Љубљана.