|
Медиумите во Норвешка тврдат дек аЕрлинг Халанд моментално патува за Англија, поточно во Манчестер каде ќе има преговори со челниците на овој клубт.
Наводно тој со својот татко пред нешто помалку од два часа од Норвешка тргнал кон Англија.
Халанд е поврзуван со многу голем број на тимови, а на еден од натпреварите го следеа скаути дури на 40 клуба.
Сепак се чини дека неговиот избор паднал на Манчестер Јунајтед, па доколку се помине како што треба, оваа трансфер сага би можела наскоро да заврши.
Неговиот сонародник, тренерот на „црвените ѓаволи“ Солскјер не криеше дека стилот кој го преферира младиот Халанд му се допаѓа, па многу лесно би можело од јануари да го гледаме на „Олд Трафорд“.