Хаусер им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи да ги предупреди на проблемот со кој се соочува веќе некое време. Имено, како што рече, неговиот идентитет постојано се краде на социјалните мрежи и по сите неуспешни обиди да го спречи тоа, сè што му преостанало да стори е да им се обрати на фановите.
“Почитувани обожаватели ширум светот, сакам да ве предупредам на голем проблем со кој се соочуваме веќе некое време. Се обидовме да го спречиме, но за жал, без многу успех. Стотици нови Хаузери се појавуваат секој ден на социјалните мрежи – Јутјуб, Фејсбук, Твитер, Инстаграм. Тие се преправаат дека сум јас, ви даваат лажни информации, ве контактираат. Многу е фрустрирачки. Сакам уште еднаш да ви кажам дека има само еден Хаусер, не верувајте во измамници и лажни профили”, рече тој во своето обраќање.
Јас нема да контактирам со никој од вас директно, за сите информации што сакате да ги знаете, проверете ја мојата официјална веб-страница “, заклучи Хаусер.
IMPORTANT MESSAGEMy ONLY real social media accounts are:www.facebook.com/hauserofficial…
Gepostet von HAUSER am Dienstag, 22. September 2020
Фановите веднаш со коментари на оваа објава:
“Ме насмеавте. Секако дека има само еден Хаусер. Штета што нема да ме контактирате”, “Така е. Не грижи се, ние сме паметни девојки”, “Некој се обиде да ме следи од профил со твоја слика. Но знаев дека не си ти. Ти си единствен“, се само некои од коментарите.
Потсетуваме, многу познати личности се жалат на кражба на идентитет на социјалните мрежи.