Оваа 2018 година ќе биде запаметена по успехот на женската репрезентација на последниот квалификациски турнир за Светското во Јапонија, а каде силите ги измерија со репрезентациите на: Азерберјџан, Исланд и Турција.
Нашите девојки ја подигнаа репрезентацијата на повисоко ниво и со тоа обезбедија полесен противник во последната препрека наречена бараж каде ќе се сретнат со Словенија.
На клубско ниво можам да ги одвојам Матеја Серафимова која со своите одбрани Грчкиот ПАОК го замени со Славија од Прага, Стефанија Мишевска која од Германски ТСГ Висмар замина за Чешки Банвит Мост, Елена Ливриниќ која е лидер во Романскиот Данубиус Галаци и на крај ни помалку вредната Марија Николиќ која е исто лидер во Грчкиот ПАОК.