Младата охридска спортска ѕвезда Марко Пејчиновски го најави својот нов подвиг планиран за 28. август на празникот Голема Богородица. Марко одлучи да го плива триаголникот Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид во Охридското езеро, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести!
„После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажувам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид“ – напиша Марко на својот фејсбук профил, притоа осврнувајќи се и на својата мајка која, онака мајчински, ја очекуваат нови моменти под трема и притисок додека Марко не стигне на целта.
„Поздрав од мама, ве чекат на нервно, со сок и чоколадо, без гаранција дека ќе ве познајт“.
Здраво,Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи,…
Gepostet von Marko Pejchinovski am Mittwoch, 21. August 2019